Достапни линкови

Русија се соочува со ризик од „длабока рецесија“


Рускиот премиер Дмитри Медведев денеска предупреди дека руската економија се соочува со ризик од „длабока рецесија“ ако владата ги намали трошењата и најави дека владата нема да се повлече од нејзините стратешки цели и од социјалните расходи. Ниските цени на нафтата многу ја погодија руската економија, која е многу зависна од енергенсите, а рубљата доживеа остар пад во однос на доларот и еврото. На состанокот на владејачката партија Обединета Русија на чие чело е, Медведев рече дека економијата е во полоша состојба, отколку во текот на финансиската криза во 2008 година.

„Тогаш излеговме од големата криза заедно со остатокот од светот, но сега, голем број на земји во суштина го попречуваат развојот на нашата економија“, рече Медведев.

САД и ЕУ воведоа санкции против Русија поради анексијата на Крим од Украина во март годинава и поради поддршката од Москва за проруските сепаратисти во источна Украина.

XS
SM
MD
LG