Достапни линкови

logo-print

Медведев - Санкциите ги трујат односите меѓу САД и Русија


Рускиот премиер Дмитри Медведев предупреди дека американскиот закон со кој се одобруваат нови санкции против Москва, ќе ги затруе односите меѓу двете земји со децении и ја критикуваше Украина за напуштање на неутралниот статус. Медведев денеска на Фејсбук напиша дека „овие две одлуки ќе имаат екстремно негативни последици“ и оти Русија „ќе мора да реагира на нив“.

Американскиот претседател Барак Обама пред неколку дена го потпиша законот за нови санкции против Русија поради улогата на Москва во кризата во источна Украина, но рече дека нема да се воведат веднаш. Медведев оцени дека тоа е „антируски закон“.

Украинскиот парламент денеска изгласа напуштање на неутралната позиција на земјата и го постави членството во НАТО и во ЕУ како цел. Медведев рече дека „во суштина, апликацијата за влез во НАТО ја претвора Украина во евентуален воен противник на Русија“.

XS
SM
MD
LG