Достапни линкови

logo-print

СОНК: Активирање на штрајкот ако нема конкретни решенија


Јаким Неделков, претседател СОНК.

Јаким Неделков, претседател СОНК.

Доколку до крајот на оваа календарска година не дојде до конкретни решенија, СОНК ќе ја активира одлуката за генерален штрајк во образованието и културата, рече на денешната прес-конференција претседателот Јаким Неделков. Говорејќи за текот на преговорите со министерствата за образование и наука, за култура и за труд и социјална политика, тој посочи дека има уште една недела да добијат позитивни одговори од ресорните министерства, па во првата половина на јануари Советот на СОНК ќе има седница на која детално ќе разговара по однос на резултатите од преговорите и ќе донесе одлука.

„Работните групи работат, но многу прашања што ги отвори СОНК не добија конкретен одговор“, рече Неделков, кој појасни дека некои барања во старт биле отфрлени, како што е барањето за корекција на платите во основното и средното образование.

XS
SM
MD
LG