Достапни линкови

Давутоглу: Цел Балкан треба да е во НАТО


Турција ја поддржува Македонија во секое поле и дека таа поддршка ќе продолжи и понатаму. Добрата политичка соработка е пресликана и на економско поле, рекоа премиерите на Македонија и на Турција по средбата во Скопје.

Премиерите на Македонија и на Турција по средбата во Скопје, изразија задоволство од постојаниот нагорен тренд на односи меѓу двете земји. Никола Груевски и Ахмет Давутоглу нотираа дека добрите политички односи се пресликале и на економската соработка, а се заложија и за нејзино натамошно унапредување. Беше нотирана и подршката што земјата ја добива од Турција.

Сметаме дека сите земји од Балканот треба да бидат под чадорот на НАТО бидејќи тоа е важно за безбедноста. Се надеваме дека Македонија ќе го заземе заслуженото место.

Турскиот премиер кој престојува во дводневна посета на Македонија, по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски, рече дека Турција ја поддржува Македонија во секое поле и дека таа поддршка ќе продолжи и понатаму.

„Политичката соработка на двете земји е важна. Стабилноста на Балканот е важна, со цел да биде мирно и да нема никакви конфликти ситуации“, рече Давиутоглу.

Мислам дека во еден момент ќе се случи трговската размена да достигне една милијарда долари. Кога ќе се случи тоа не зависи само од нас, на крајот од краиштата бизнис договорите треба да ги направат самите бизнисмени, ние може да создаваме поволни услови, да градиме добра клима, и политичка и економска.

Тој рече дека Македонија што поскоро треба да стане членка на НАТО.

„Сметаме дека сите земји од Балканот треба да бидат под чадорот на НАТО бидејќи тоа е важно за безбедноста. Се надеваме дека Македонија ќе го заземе заслуженото место“, рече Давутоглу.

Ова е прва посета на Давутоглу на Македонија како премиер, а втора средба со Груевски откако ја презеде оваа функција. Двајца премиери се сретнаа пред три месеци во Турција. Македонија добива поддршка од Турција за евро-атлантската интеграција на земјата, која е и наша стратешка цел, рече премеирот Груевски. Тој ја потенцираше и добрата економска соработка.

„Мислам дека во еден момент ќе се случи трговската размена да достигне една милијарда долари. Кога ќе се случи тоа не зависи само од нас, на крајот од краиштата бизнис договорите треба да ги направат самите бизнисмени, ние може да создаваме поволни услови, да градиме добра клима, и политичка и економска.“

Турција е еден од најголемите трговски партнери на Македонија. Со години, меѓу 3,5 и 4 отсто од вкупната надворешна трговија отпаѓа на Турција. Во првите 10 месеци од годинава со Турција се истргувани стоки во вредност од 364 милиони долари. Сепак се чини дека македонските производители не го користат доволно големиот турски пазар, затоа што во земјава многу повеќе се увезуваат турски производи отколку што се извезуваат македонски таму. Од вкупната трговска размена, лани само 72 милиони долари била од извоз, а увозот бил скоро 315 милиони долари. Статистиката покажува дека во изминатите години само околу 1,6 отсто од целиот македонски извоз завршувал во Турција, додека турските стоки се околу 5 отсто од целокупниот увоз во земјава.

И Македонија и Турција со години не стануваат земји членки на ЕУ, иако Турција е апсолутен шампион во чекањето пред ЕУ. Критичарите велат дека и двете земји владеат во „името на народот“, но имаат проблем со дефицитарност на демократија, со почитувањето на човековите права, по односот кон медиумите, опозиционерите, демонстрантите, критичарите. И во Македонија и во Турција властите преземаат мерки за враќање кон традиционалните вредности, забрануваат абортус, повикуваат на зголемување на наталитетот, но ако властите во Македонија повикуваат имаш трето дете, турските советуваат три се малку, раѓајте по четири.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG