Достапни линкови

logo-print

Путин - Деформација на глобалниот безбедносен систем


Рускиот претседател Владимир Путин ги повика членките на Организацијата на договорот за колективна безбедност да преземат „координирани и колективни мерки“ за подобрување на нивната безбедност. Зборувајќи денеска на Самитот на организацијата во Москва, Путин рече дека состанокот се одржува „во тешко време“.

„Старите проблеми ескалираат, а нови се појавуваат“, рече Путин, додавајќи дека „се случува деформација на глобалниот безбедносен систем“.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко рече дека ситуацијата на границите на организацијата „никогаш не била толку тензична и експлозивна како денес“.

Членки на организацијата се Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан.

XS
SM
MD
LG