Достапни линкови

Грчкиот Парламент повторно не успеа да избере претседател


Грчкиот Парламент денеска не успеа да избере претседател во вториот круг од гласањето. Поранешниот еврокомесар и кандидат на владејачката коалиција, 73-годишниот Ставрос Димас, го поддржаа 168 пратеници, а за негов избор беа неопходни 200 гласови во 300-члениот Парламент. Последниот, третиот круг од гласањето ќе се одржи на 29 декември, кога за избор на шеф на државата се потребни 180 гласови. Доколку и во третиот круг не биде избран претседател, Парламентот ќе биде распуштен и во земјата ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.

XS
SM
MD
LG