Достапни линкови

Украина изгласа откажување од неутралноста


Илустрација.

Илустрација.

Украинскиот парламент денеска изгласа откажување од неутралноста на земјата и ги постави зачленувањето во ЕУ и во НАТО како цел. Русија веднаш го оцени овој потег како непријателски. За предлогот на претседателот Петро Порошенко гласаа 303 пратеници во 450-члената Врховна Рада. Законот за неврзаност на Украина беше донесен во 2010 година, кога на чело на државата беше соборениот претседател Виктор Јанукович.

XS
SM
MD
LG