Достапни линкови

logo-print

Предавање на извештајот за падот на авионот на претседателот Трајковски


главниот обвинител на БиХ, Горан Салиховиќ

главниот обвинител на БиХ, Горан Салиховиќ

Омер Кулиќ, шефот на меѓународниот тим кој ја изврши втората истрага за падот на авионот во кој загина претседателот на Македонија Борис Трајковски денеска на надлежните органи во Босна и Херцеговина ќе им го предаде конечниот извештај за причините за несреќата. Тој ова го потврди во разговор за Радио Слободна Европа во кој најавува дека деновиве извештајот ќе им биде презентиран и на властите и јавноста во Македонија.Кулиќ одби да обелодени дали неговиот извештај е во спротивност со заклучокот на претходната Комисија, односно дека до несреќата дошло поради процедурална грешка на пилотот при слетувањето на аеродромот во Мостар. „Ние дефинитивно точно утврдивме што било, но бидејќи станува збор за нова истрага утврдивме и цела маса нови детали и информации кои не беа опфатени со првата истрага. На обвинителствата е да утврдат дали има елементи за кривично гонење“, наведува Кулиќ.

XS
SM
MD
LG