Достапни линкови

Дополнителни мировни разговори за Украина


Лидерите на Украина, Русија, Франција и Германија се согласија во текот на неделава да биде одржана уште една рунда од мировните разговори за Украина. Кабинетот на украинскиот претседател Петро Порошенко соопшти дека тие би се одржале од 24 до 26 декември во главниот град на Белорусија, Минск. До ова дојде откако четворицата лидери одржале телефонски состанок за начините за ставање крај на неколку месечниот конфликт меѓу украинските сили и проруските бунтовници на истокот на Украина.

XS
SM
MD
LG