Достапни линкови

Турскиот премиер Давутоглу во посета на Македонија


Турскиот премиер Ахмет Давутоглу

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска во Скопје ќе биде примен од македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Теми на разговор ќе бидат политичките, економските и трговските односи меѓу Македонија и Турција. Ќе бидат разменети и мислења за регионални и меѓународни теми од заемен интерес. За време на престојот, Давутоглу ќе има и активности во рамките на одбележувањето на Денот на турското образование во Македонија.

XS
SM
MD
LG