Достапни линкови

Северна Кореа на седница на СБ на ООН


Членките на Советот за безбедност на Обединетите нации гласаа ситуацијата со човековите права во Северна Кореа да се најде не дневен ред на нивната седница. Русија и Кина беа против предлогот, но во процедуралните гласања, според правилата, тие немаат право на вето. Тоа ќе биде за прв пат состојбата со човековите права во некоја земја да биде ставена на дневен ред во текот на една тековна дебата во Советот за безбедност. Претходно Генералното собрание гласаше Северна Кореа да се најде пред Меѓународниот кривичен суд за да се соочи со обвинувања за злосторства против човештвото. Во извештајот на Обединетите нации се наведува дека севернокорејците се соочувале со невидени злосторства, вклучувајќи гладување, присилна работа, тортура и егзекуции. Во меѓувреме, агенциите јавија дека во Северна Кореа имал голем прекин на интернетот. Претходно Вашингтон најави дека ќе одговори на сајбернападот врз Сони Пикчерс.

XS
SM
MD
LG