Достапни линкови

Финансиската криза во Русија се влошува


Поранешниот руски министер за финансии, Алексеј Кудрин.

Поранешниот руски министер за финансии, Алексеј Кудрин.

Поранешниот руски министер за финансии, Алексеј Кудрин, предупреди дека актуелната финансиска криза во земјата се влошува и се движи кон „целосна економска криза“ којашто остро ќе се почувствува ширум земјата во наредната година. Кудрин, кој сега го предводи аналитичкиот центар Комитет за граѓански иницијативи, денеска рече дека пад на економијата од 2 отсто наредната година е најоптимистичкото сценарио за 2015 година и додаде дека таа прогноза се базира на цена на нафтата на светските берзи од 80 долари за барел. Ако цената на нафтата остане 60 долари за барел, рече Кудрин, БДП-то ќе се намали за 4 проценти.

XS
SM
MD
LG