Достапни линкови

Русија ќе укинува одлука на СССР за Крим


Илустрација: Крим.

Илустрација: Крим.

Претседателката на Советот на Руската Федерација, Валентина Матвиенко, денеска изјави дека Горниот дом на рускиот парламент подготвува закон со кој одлуката на Советскиот Сојуз од 1954 година Крим да ѝ се предаде од Русија на Украина ќе се прогласи за „ништовна и необврзувачка“ од моментот на нејзиното донесување. Таа ова го кажа на средба со пратеници од двата дома на рускиот парламент на која присуствуваше и рускиот претседател Владимир Путин. Таа рече дека правните анализи покажуваат дека трансферот на Крим од Русија на Украина за време на владеењето на Никита Хрушчов било незаконско и спротивно на Уставот и правните процедури во тоа време. Русија во март годинава го анектираше Крим од Украина, како што обвинуваат критичарите, спротивно на меѓународното право.

XS
SM
MD
LG