Достапни линкови

logo-print

Беџи Каид Есебси - нов претседател на Тунис


Беџи Каид Есебси, нов претседател на Тунис.

Беџи Каид Есебси, нов претседател на Тунис.

Туниската изборна комисија соопшти дека 88-годишниот Беџи Каид Есебси е избран за претседател на земјата. Официјалните резултати од вчерашните избори покажуваат дека Есебси освоил скоро 56 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат, актуелниот претседател Монсеф Марзоуки, освои околу 44 отсто од гласовите. Есебси е анти-исламистички политичар, кој беше министер во времето на соборениот диктатор Зин ал-Абедин Бен Али. Неговата победа го прави првиот претседател на Тунис избран на слободни избори, откако земјата доби независност од Франција во 1956 година. Токму во Тунис во 2011 година почна Арапската пролет.

XS
SM
MD
LG