Достапни линкови

МПЦ-ОА побара милост за владиката Јован од ПОА заради повисоки цели


Македонската православна црква - Охридска архиепископија денеска од властите побара, заради повисоки цели, милост за затворениот владика Јован од ПОА, кој е поранешен архиепископ на МПЦ, но подоцна беше расчинет. Во соопштението по вонредната седница на Светиот архиерејски синод се наведува дека МПЦ-ОА ја прифатила иницијативата на Руската православна црква да даде придонес за обновување и успешно реализирање на дијалогот меѓу МПЦ-ОА и Српската православна црква.

XS
SM
MD
LG