Достапни линкови

Студентски пленум - Владата не ги слуша ни студентите, ни професорите


Студентскиот пленум реагира што владата го усвои предлог законот со кој се воведува државен испит во високото образование без да ги земе предвид мислењата на студентите и на универзитетите. Студентскиот пленум смета дека вчерашната отворена владина седница на која беше одлучено предлог-законот да биде испратен во Собранието била „предновогодишна пародија од демократија“. Според нив, не бил испочитуван рокот за јавна расправа и за изјаснување на интеруниверзитетската конференција и затоа очекуваат бурна реакција и од страна на ректорите, деканите и професорите од сите универзитети во Македонија, чие мислење, како што велат, очигледно не се зеде предвид во вчерашното гласање на предлог-законот.

XS
SM
MD
LG