Достапни линкови

„Да тргнеме сењор!“ или новата европска драма во МНТ


„Да тргнеме сењор!“ е насловена претставата , што по текст на Ана Ристоска, режисерката Нела Витошевиќ ја постави на сцената на Македонскиот народен театар. Станува збор за специфична драматургија која и припаѓа на новата европска драма и за проект кој преку неколкуте интимни приказни во кои играат Игор Ангелов, Драгана Костадиновска, Дениз Абдула , Ивица Димитријевиќ , Софиа Насевска-Трифуновска, Катина Иванова и Александар Ѓорѓиески говори за смртта славејќи го животот.

По шекспировиот „Сон на летната ноќ“ во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, Нела Витошевиќ на сцената на МНТ го донесува текстот „Да тргнеме сењор!“ на својата пријателка од студентските денови, драматургот Ана Ристоска.

Новата европска драма не располага со големи наративи. Обработува интимни приказни на сосема обични, мали луѓе и на сосема едноставен начин буди силни емоции. Нашава претставата има некој поетичен тон.

Режисерката во пресрет на праизведбата на проектот забележува дека станува збор за една многу специфична драматургија која се уште не е многу позната и развиена кај нас, а е европски тренд. Вели дека се работи за нова европска драма напишана од драматург кој е на докторски студии во Виена и кој ги попримил влијанијата од тамошната средина и за театар кој не е специфичен за нашево поднебје, но чие време допрва доаѓа.

„Новата европска драма не располага со големи наративи. Обработува интимни приказни на сосема обични, мали луѓе и на сосема едноставен начин буди силни емоции. Нашава претставата има некој поетичен тон. Таа говори за смртта, меѓутоа се обидовме на некој начин преку славење на животот да разговараме за смртта. Да отвориме некои прашања што значи таа за оној што ја преживува, а што за блиските околу него и т.н.“

Сè уште ме измачува тој последен ден и сите недоискажани работи... Па го замислувам доцна во ноќта Санчо Панса како мал дебел човек, кој незабележан од никого го спушта ридот. Зад него на коњ седи една преубава дама. Брзаат пред да ги затекне с онцето и да го објави новиот ден. Каде одат? Кај својот сењор.

​Инаку текстот Ана му го посветува на својот починат татко големиот македонски актер Кирил Ристоски, а во каталогот за неговата праизведба во МНТ ќе забележи таа забележува дека претставата ја чувствувала како долг уште пред цела една декада.

Имено, режисерот Владо Цветановски тогаш го подготвувал „Дон Кихот“ заедно со нејзиниот татко, и нејзе ѝ понудил да ја направи драматизацијата. Но, таа не се чувствувала доволно подготвена, не знаејќи дека тоа ќе биде всушност нивната последна заедничка премиера.

„Сè уште ме измачува тој последен ден и сите недоискажани работи... Па го замислувам доцна во ноќта Санчо Панса како мал дебел човек, кој незабележан од никого го спушта ридот. Зад него на коњ седи една преубава дама. Брзаат пред да ги затекне с онцето и да го објави новиот ден. Каде одат? Кај својот сењор“, пишува Ристоска за својата драма.

„Да тргнеме сењор!“ е претстава што ја сочинуваат пет испреплетени приказни и седум ликови, кои со многу емотивен, на моменти дури апсурдно-комичен тон, преку нарација и внатрешни монолози, зборуваат за љубовта, среќата и тагата, за убавината на постоењето и минливоста на човечкиот живот.

Во неа настапуваат Игор Ангелов (Таткото, Дон Кихот), Драгана Костадиновска (Ќерката), Дениз Абдула (Санчо Панса), Ивица Димитријевиќ (Мажот), Софиа Насевска-Трифуновска (Жената), Катина Иванова (Старата) и Александар Ѓорѓиески (Јоко).

Сценограф на претставата е Константин Трпеноски, костимографка Роза Трајческа-Ристовска, а изборот на музиката е на режисерката Витошевиќ со звучни интервенции на актерите Абдула и Димитриевиќ.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG