Достапни линкови

Србија никогаш нема да воведе санкции против Русија


Претседателката на српскиот парламент Маја Гојковиќ.

Претседателката на српскиот парламент Маја Гојковиќ.

Претседателката на српскиот парламент Маја Гојковиќ рече дека Белград никогаш нема да воведе санкции против Русија. Србија е кандидат за членство во ЕУ, но не ја следи политиката на Унијата во воведувањето санкции против Русија. Гојковиќ рече дека „стратешката одлука“ на Србија за членство во ЕУ „не е и нема да биде пречка за понатамошен развој на братските односи со Русија“ и оти санкциите никогаш никому не донеле ништо добро. Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан минатиот месец рече дека Србија постепено треба да се усогласува со надворешната политика на ЕУ.

XS
SM
MD
LG