Достапни линкови

„Доста нè крадевте“ - порачаа хонорарците


Придонесите и за хонорардите дополнително ќе го осиромаши најзагрозениот дел од работниците, кои не можејќи да најдат редовно вработување, егзистенцијата ја обезбедуваат работејќи за хонорар.

„Социјална правда“, „Нема да ви помине“, „Заедно сме посилни“, „Ова е само почеток“, „Доста нè крадевте“ „Нема да ви плаќаме“ извикуваа денеска неколку илјади граѓани кои излегоа на протестот против законот според кој од први јануари ќе се плаќа пензиско и здравствено осигурување и за хонорарите.

Кога владата имаше слух за гаќите на Прометеј, тогаш нека го слушне и народот.

Меѓу присутните имаше новинари, преведувачи, актери, филмски работници, вработени во невладиниот сектор кои освен преку скандирање до владата испратија и пораки преку паролите „Не за државен рекет“! „Продавам бубрег за да платам придонеси“! „Даночниот рај, за нас е пекол!“ „Твој данок нивна иднина“.

Во Паркот Жена-борец каде што напладне почна протестот, Здравко Савески од левичарското движење Солидарност направи споредба со парите кои се дадоа за да се облече голиот Прометеј во паркот и тоа што сега се бара со законот.

Нивното тврдење е дека ова е социјална мерка која ќе ги згрижи они кои се најзагрозени и најранливи категории.

„Кога владата имаше слух за гаќите на Прометеј, тогаш нека го слушне и народот, народот што го ограбува самата и што сака да го ограбува, нашиот леб е повреден од Прометеј“, Савески.

Потоа граѓаните продолжија низ центарот на градот поминаа пред министерството за труд и социјална политика кое е предлагач на законот, а на крај завршија пред зградата на Владата.

„Нивното тврдење е дека ова е социјална мерка која ќе ги згрижи они кои се најзагрозени и најранливи категории, спротивно на нивното тврдење оваа мерка ќе ги повреди најзагрозените работници“, рече Дејан Лутовски од левичарското движење Ленка.

Тамара Чаусидис од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, пак, рече дека овој предлог закон сериозно ги засега и новинарите.

Ние новинарите сме хонорарци во најголем број, затоа што така не држат на кусо синџирче, лесно не отпуштаат и не претвораат во пропагандисти.

​„Ние новинарите сме хонорарци во најголем број, затоа што така не држат на кусо синџирче, лесно не отпуштаат и не претвораат во пропагандисти“, Чаусидис.

Насобраните пред зградата на Владата оставија и ситни пари, за како што рекоа, да и помогнеле.

Предлог законот предвидува од први јануари да се плаќаат 35 отсто од хонорарот за придонеси и даноци, наместо сегашните 10 отсто само за персоналниот данок на доход. Тој процент за здравствено, пензиско и за персонален данок ќе треба да го плаќаат оние кои земаат хонорар од договор за дело или авторски договор над износот на минималната плата од 9.590 денари.

Организаторите велат дека се одлучиле на протести, оти немале друг начин владата да го чуе нивното мислење дека со ваков закон само ќе се осиромашат оние што заработуваат колку да преживеат. Покрај неколку синдикати, левичарски движења и невладини организации зад денешниот протест застана и Студентскиот пленум.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG