Достапни линкови

Назарбаев бара компромис меѓу Русија и Украина


Претседателите на Казахстан и на Украина, Нурсултан Назарбаев и Петро Порошенко.

Претседателите на Казахстан и на Украина, Нурсултан Назарбаев и Петро Порошенко.

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев, за време на посетата на Киев, ги повикал Русија и Украина да бараат компромис за окончување на конфликтот во источна Украина и зачувување на нејзиниот територијален интегритет. Украинската новинска агенција Интерфакс објави дека Назарбаев ова го изјавил по денешната средба со украинскиот претседател Петро Порошенко во Киев. Казахстанскиот претседател е загрижен за последиците од украинската криза во Казахстан, кој има партнерски однос со Москва во трговијата и безбедноста, но одржува блиски односи и со Западот.

XS
SM
MD
LG