Достапни линкови

Саудиска Арабија: не ја намалуваме цената на нафтата


Саудискиот министер за нафта Али Наими ги отфрли обвинувањата дека неговата земја смислено ја намалува цената на нафтата со цел да им наштети на другите земји. Според аналитичарите, Саудиска Арабија може да се справува со намалените цени на нафтата поради нејзините огромни резерви. На некои земји на Организацијата на извознички на нафта, ОПЕК како Ирак и Иран, но и на Русија која не е членка на ОПЕК им се неопходни повисоки цени од сегашните за да ги исполнат целите предвидени во нивните буџети. Цената на нафтата е над 60 долари за барел, најниска во изминативе пет години.

XS
SM
MD
LG