Достапни линкови

Курдските борци бележат успех против милитанти на ИД


Курдските борци успеале да ги потиснат милитантите на Исламската држава од северниот ирачки град Синџар каде што се воделе жестоки борби. Американската војска соопшти дека вчера во околината на Синџар извршила четири воздушни напади. Во минатата недела ирачките курдски борци познати како пешмерга покренаа офанзива за да ја преземат контролата врз Синџар. Претседателот на курдскиот регион во Ирак Масуд Базани изјави дека поголем дел од градот бил под контрола на курдските борци и оти наскоро милитантите на Исламската држава ќе бидат победени.

XS
SM
MD
LG