Достапни линкови

Јолевски:Вработување на нови 250 професионални војници идната година


Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска на отворената седница на Владата информираше дека за професионалните војници кои поради возраста го изгубиле својот статус се спроведуваат два проекти за вработување и оти се во тек работите за проектот „АРМ мој вистински дом“.

Во однос на вработувањето професионални војници, министерот за одбрана рече дека е изработен правилник за селекција со цел да се добијат најквалитетни професионални војници.

- За нови професионални војници структурирани се две групи со по 125 војници кои ќе бидат вработени идната година. Изработен е правилник за селекција, процесот ќе трае околу 3 месеци и планираме првата група од 125 до крајот на март почеток на април да биде завршена, рече Јолевски.

XS
SM
MD
LG