Достапни линкови

Студентски пленум утре излегува на протест за поддршка против хонорарите


Студентски пленум донесе одлука за приклучување кон протестот што утре ќе се одржи против зголемувањето на давачките за хонорари.

Измените на законот за придонеси на Владата на Република Македонија го засегаат и македонскиот студент (и пошироко, секој оној кој е во некаков работен однос во Македонија). Со менување на законот за придонеси, голем број на студенти ќе бидат на удар и маката на тие студенти коишто работат на договор на дело или добиваат некакви си симболични хонорари ќе се зголеми. Во услови на голема невработеност и тешко доаѓање до работа и хонорар и со оглед на крајно лошата социјална положба на многу студенти, овие измени ќе ги докусурат студентите со дополнителни плаќања кон државата.

Затоа, на протест! Студенти сме извесно време, граѓани сме до смртта. На општеството не му го должиме само нашиот студентски ангажман, туку и нашата граѓанска свест.

Студентскиот пленум го поддржува протестот против измените на законот за придонеси. Пленумци и пленумки ќе бидат на улиците, како хонорарци, идни хонорарци, како вработени и совесни граѓани, се вели во одлуката на Студентскиот пленум.

XS
SM
MD
LG