Достапни линкови

Чолак:Либерализација на визите со Косово до крајот на 2015


Министерот за евроинтеграции во Владата на Косово Беким Чолак, рече дека очекува во текот на следната година Косово да добие визна либерализација и да постигне значителен напредок во процесот на европска интеграција.

"Косово е во завршна фаза на реализација на сите обврски кои произлегуваат од водичот за визна либерализација и очекувам до крајот на 2015 година да имаме конкретни резултати во таа насока", изјави тој за приштинските медиуми.

Чолак додаде дека економскиот развој и создавањето на работни места остануваат главни предизвици во процесот на европската интеграција, со цел да се спречат појавите како што е илегалната миграција на граѓаните на Косово.

XS
SM
MD
LG