Достапни линкови

logo-print

Расте подршката за утрешниот протест против хонорарите


Расте подршката за протестот против обврската за плаќање придонеси на хонорарците.

Либералната партија денеска го поддржа утрешниот протест против измените на законските одредби за хонорарното работење и ја повика Владата да го повлече, како спорното решение.
„Македонија денес се соочува со дефицит на јавните социјални, пензиски и здравствени фондови, но тоа е грешка и последица на погрешните политики на Владата, а не на граѓаните и на фирмите. Затоа предупредуваме дека со овие законски измени Владата нема да ги дополни фондовите што таа ги осиромаши со своите погрешни политики во изминатите осум години“, се вели во денешното соопштение од ЛП.

Протестот ќе почне утре во 12 часот пред „Жена парк“ во центарот на Скопје, а ќе заврши пред Владата.

Вчера Хелсиншкиот комитет,невладината ЦИВИЛ и здружението ЛЕНКА оценија дека законските измени се дискриминаторски и ќе го направат населението уште посиромашно.

XS
SM
MD
LG