Достапни линкови

Втор круг од претседателските избори во Тунис


Во Тунис изутрината почна гласањето за претседателските избори, на кои учествуваат двајца кандидатите.Гласачите избираат меѓу 88-годишниот Беџија Каеда Есебсија, партиски лидер на антиисламистичката партија Нида Тунес и Монсеф Марзукија, кој го предводи сојузот со умереното исламистичко движење Енахда.
Резултатите од гласањето треба да бидат објавени во наредните неколку денови.
Со ова Тунис ќе ги направи последните чекори кон целосна демократија по речиси четири години од почетокот на востанието, што доведе до соборување на автократскиот режим на Зина Ел Абидин Бен Али.

XS
SM
MD
LG