Достапни линкови

Јоханис положи заклетва


Romania - flag

Romania - flag

Новиот романски претседател Клаус Јоханис денеска положи заклетва пред Парламентот, со што официјално стапи на должност.

Јоханис (55), кој во вториот круг на претседателските избори на 16 ноември го победи противкандидатот, актуелниот премиер Виктор Понта, истакна дека ќе биде претседател на сите Романци.

- Романците на изборите 25 години по падот на комунизмот уште еднаш направија да триумфира демократијата, посочи Јоханис.

Тој вети добри односи со САД, со ЕУ и посебно со Германија.

Со инагурацијата на Јоханис заврши 10-годишната власт на претходниот претседател Трајан Басеску.

Јоханис е припадник на германското национално малцинство во Романија и беше градоначалник на Сибиу

XS
SM
MD
LG