Достапни линкови

logo-print

Во Узбекистан се одржуваат парламентарни избори


Во Узбекистан денеска се одржуваат парламентарни избори после кои набљудувачите веруваат дека ќе се случат вистински промени. Повеќе од 20 милиони Узбеци треба да изберат претставници на 150-члениот Долен дом на парламентот. Централната изборна комисија соопшти дека се обезбедени сите услови за слободни и фер избори кои ги исполнуваат највисоките меѓународни демократски стандарди. Се натпреваруваат четири партии - Либерално-демократската партија, Народната демократска партија, Демократската партија и Социјалдемократската партија.Сите четири партии ги поддржуваат политиките на претседателот Ислам Каримов. Каримов во последните неколку години пренасочи дел од своите овластувања во парламентот, вклучувајќи го и механизмот за гласање недоверба на владата и можноста партиите со мнозинство да го номинираат премиерот.

XS
SM
MD
LG