Достапни линкови

МФ:Владата е подготвена да потпише договор со САД, но со ист третман како останатите држави


Македонија има покренато иницијатива за потпишување на договор со САД со кој Македонија ќе има увид во сметки на своите граѓани во САД, и САД ќе има увид во сметките на своите граѓани во Македонија. Доказ за тоа се и дописите кои се доставени од Министерството за финансии и Министерството за надворешни работи до Амриканската амбасада, стои во денешното соопштение од Министерството за финансии.

Владата на Република Македонија,се нагласува, е подготвена да го потпише веднаш договорот со САД, но да имаме ист третман со останатите држави, односно соработката да биде обострана.

XS
SM
MD
LG