Достапни линкови

Путин:Никој не може да ја заплаши или изолира Русија


Претседател Владимир Путин предупреди дека ниту една земја не може да ја заплаши или да ја изолира Русија. Путин, денеска во Москва изјави дека такви обиди имало и во изминатите векови. Меѓутоа Путин, во обраќањето по повод одбележувањето на денот на безбедносните служби рече: "Се разбира, никој нема да биде во можност да не заплаши или пак да не изолира. Путин повика на подобрување на тајните служби на Русија за да може да се справат со "модерните предизвици и закани" поради тензиите со Западот околу улогата на Москва во украинската криза. Тој рече дека најважни задачи на руските разузнавачки служби се борбата против глобалниот тероризам и спречување на "било какви обиди на странските специјални служби да предизвикаат удар врз политичките и економските интереси на Русија.

XS
SM
MD
LG