Достапни линкови

logo-print

СДСМ:Претставници на САД реагирале за неприклучување кон американскиот договор


Тихомир Илиевски, член на Комисијата за надворешни работи на СДСМ на прес-конференција побара од министерот за финансии Зоран Ставрески да потврди или да демантира дека на 31. октомври претставник на Амбасадата на САД на средба во македонското МНР го изразил „незадоволството од фактот дека Република Македонија е последна земја која нема одговорено на побараната поддршка од страна на САД во врска со спроведувањето на Законот за даночна усогласеност на нерезидентни сметки“.

- Дали на истата средба американскиот претставник информирал „дека во повеќе наврати е побарана средба во Министерството за финансии, но засега таква средба се нема одржано? Значи, Македонија нема ни одговорено на побараната поддршка од САД, рече меѓу другото Илиевски

XS
SM
MD
LG