Достапни линкови

САД нема да се ангажираат за екстрадирање на Ѓулен


САД засега одбиваат да се ангажираат во врска со случајот за екстрадиција на муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој повеќе од десет години живее во американската сојузна држава Пенсилванија, јавуваат турските медиуми.

Според медиумите турски суд издал наредба за апсење на Ѓулен, кој е обвинет за создавање на паралелни структури во Турција со цел соборување на исламистичко-конзервативната Влада, кога нејзин премиер беше сегашниот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Вашингтон ќе го екстрадира Ѓулен, против кого е покрената потерница за апсење во Турција и дали турските власти побарале од САД негова екстрадиција, портпаролот на Стејт департментот Џен Саки изјави: „Не не прашувајте нас, прашајте ја турската Влада“.

Таа додаде дека Стејт департментот не коментира прашања, кои се однесуваат на тоа дали се испратени или не барања за екстрадиција.

XS
SM
MD
LG