Достапни линкови

Во Пакистан убиени пет милитанти


Во напад на американско беспилотни летало загинале најмалку пет милитанти во Пакистан во близина на границата со Авганистан. Безбедносни претставници изјавија дека нападот се случил во Северен Вазиристан. Северен Вазиристан е најголемо од неколкуте светилишта каде исламистичките милитанти поврзани со Ал-Каеда ја контролираат границата меѓу Пакистан и Авганистан. Пакистанската армија ја засили офанзивата што започна во средината на јуни за да ја поврати територијата од бунтовниците.

XS
SM
MD
LG