Достапни линкови

logo-print

ОН:Во Авганистан бројот на цивилни жртви достигнал рекордно ниво



Обединетите нации соопштија дека бројот на цивилни жртви во Авганистан достигнал рекордно високо ниво оваа година, и дека се зголемил за 19 отсто во споредба со минатата година. Мисијата на ОН за помош во Авганистан објави дека вкупно 3.188 цивили биле убиени, а 6.429 биле повредени до крајот на ноември. Во годишниот извештај се вели дека бројот на убиени цивили оваа година во Авганистан е највисок досега. Исто така, се наведува дека копнениот ангажман на војниците и импровизираните експлозивни направи се водечки причини за цивилните жртви. Во извештајот се истакнува дека бројот на повредени жени и деца исто така е зголемен за 14 проценти односно за 33 проценти.

XS
SM
MD
LG