Достапни линкови

ВШН:предлогот за државен испит сериозно ќе ја наруши автономијата на универзитетите


Високата школа за новинарство и за односи со јавноста смета дека предлогот за воведување на државниот испит е контрадикторен на Болоњски процес и на Лисабонската декларација.Од таму сметаат дека и предлозитe од предлог-законот за изменување и дополнување на законот за високото образование сериозно ќе ја нарушат автономијата на универзитетите и ќе ги девалвираат постоечките механизми за евалуација на образовниот квалитет и ќе ја загрозат академската слобода.

ВШН посочува дека Високообразовните институции ќе бидат приморани да ги реакредитираат своите студиски програми и да ангажираат нов наставно-научен кадар.

Досегашниот број од 23 членови на Одборот за акредитација и евалуација се намалува на девет членови избрани по јавен оглас, објавен од Владата на Македонија меѓу кои и двајца странски државјани од првите топ-500 универзитети според Шангајската листа. Отстапувањето од досегашниот начин на избор по предлог на Интеруниверзитетската конференција, МАНУ и други научни и образовни институции ја загрозува независноста на ова тело, од кое се очекува(ше) да биде главниот проценител на квалитетот на високото образование во земјата, оценува ВШН.

XS
SM
MD
LG