Достапни линкови

Русија ги отфрли новите американски санкции како бескорисни


Русија ги отфрли новите американски санкции како бескорисни и го истакна своето историско право врз Крим. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека дека новите санкции нема да помогнат Русија да се откаже од Крим, бидејќи Крим е "историски и составен дел на Русија." Американскиот претседател Барак Обама претходно воведе забрана за извоз или увоз на стоки, услуги или технологија на американски компании или поединци со Крим. Руското министерство за надворешни работи, исто така, соопшти дека Москва планира да воведе свои мерки како одговор на санкциите на САД и на Канада против Русија. Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Александар Лукашевич рече: Ние им препорачуваме на Вашингтон и Отава да размислат за последиците од таквите акции. Ние ќе одговориме се свои мерки.

XS
SM
MD
LG