Достапни линкови

Израелски летала гаѓале цели во Газа


Израелски борбени летала извршиле напад врз база на милитантите од Хамас во појасот Газа и тоа е првиот напад врз палестинска територија, од завршување на војната ова лето.

Војската соопшти дека денешните воздушни напади се одговор на претходниот ракетен напад од Газа кон јужниот дел на Израел. Официјални лица соопштија дека нема повредени во ракетните напади. Жителите пријавиле дека слушнале две експлозии во Кан Јунис во регионот на Газа, област каде се одржуваат обука за сајтови за палестинските милитанти.

XS
SM
MD
LG