Достапни линкови

Намалена видливост поради магла на Пресека и Плетвар


Внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на сообраќањата сигнализација се препораките од Автомото сојузот на Македонија.

Од таму ги предупредуваат возачите дека на поголем дел од патните правци поради магла видловоста е намалена на 50 метри.

Појава на магла е регистрирана на патните правци Велес – Катланово, Велес – Неготино, Велес – Штип – Радовиш – Кочани, Скопје – Гостивар, Прилеп-Крушево, а магла е регистрирана и на планинските премини Пресека и Плетвар.

Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива по наместа влажни коловози, без забрани, информира Автомото сојуз на Македонија.

XS
SM
MD
LG