Достапни линкови

Путин го поканил севернокорејскиот лидер да ја посети Москва


Рускиот претседател Владимир Путин го поканил севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун да ја посети Москва на пролет на прославата по повод 70-годишнината од победата против Нацистичка Германија во Втората светска војна. Тоа би била прва посета на 31-годишниот лидер на Северна Кореја на странска држава од кога дојде на власт во 2011 година. Русија се обидува да го зголеми своето влијание во Азија во време на затегнати односи со Западот. Ким Џонг Ун минатиот месец испрати специјален пратеник во Москва.

XS
SM
MD
LG