Достапни линкови

Сè уште нема потерница за Ѓулен


Турски обвинител побарал од судот да издаде наредба за апсење на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во САД, но засега таквата судска одлука ја нема, посочи турски владин претставник, пренесуваат британските медиуми. Претходно денеска, турската државна телевизија објави дека судот издал наредба за апсење на Ѓулен, но подоцна ја повлече веста од својот сајт, без да ја каже причината за тоа. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган постојано го обвинува проповедникот Ѓулен, кој е негов поранешен советник и сојузник, за создавање „паралелни структури“ во државата и организирање заговор за соборување на Владата.

XS
SM
MD
LG