Достапни линкови

Чавушоглу: Турција ќе обучува умерени сириски бунтовници


Tурскиот министер за надворешни работи Мевљуд Чавушоглу.

Tурскиот министер за надворешни работи Мевљуд Чавушоглу.

Можно е Турција од март да почне да ги обучува и опремува умерените сириски опозициски бунтовници, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљуд Чавушоглу, пренесуваат британските медиуми. Американскиот Стејт департмент во октомври соопшти дека Турција се согласила да ја поддржи програмата за обука на умерените сириски сили, како дел од стратегијата на претседателот Барак Обама за борба против Исламската држава.

XS
SM
MD
LG