Достапни линкови

Турција со потерница против голем противник на Ердоган


Tурскиот свештеник Фетула Ѓулен.

Судот во Истанбул издаде потерница за апсење на турскиот свештеник Фетула Ѓулен, кој од 1999 година живее во САД и се смета за главен противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавуваат турските медиуми. Потерницата за водачот на муслиманската организација Хизмет е поради „водење терористичка организација“, јави денеска турската државна телевизија. Ердоган ги обвини поддржувачите на Ѓулен во полицијата и во судството дека стојат зад обвинувањата за корупција кои ја потресоа неговата влада минатата година, но свештеникот негираше вмешаност. Пред неколку дена полицијата уапси десетици новинари блиски до Ѓулен.

XS
SM
MD
LG