Достапни линкови

logo-print

Без чадори во Макао за време на посетата на кинескиот претседател


Властите во Макао забранија чадори за време на дводневната посета од кинескиот претседател Си Џинпинг по повод 15-годишнината од враќањето на територијата под кинеска власт. Ученици, новинари и владини претставници денеска стоеја непокриени на студеното влажно време при пречекот на кинескиот претседател на аеродромот во Макао. Новинарите велат дека аеродромските претставници ги предупредиле дека е премногу ветровито за да се отворат чадори и оти отворените чадори може да влијаат на безбедноста на авионите што слетуваат.

XS
SM
MD
LG