Достапни линкови

Пакистан ќе егзекутира 23 осудени на смртна казна


Затворските власти во Пакистан соопштија дека 23 осудени терористи ќе бидат егзекутирани во наредните денови, откако премиерот Наваз Шариф го укина мораториумот за извршување на најстрогата казна за оние кои се осудени за дела поврзани со тероризам. До ова доаѓа откако талибанците убија повеќе од 140 луѓе, од кои најголемиот дел деца при нападот врз училиште во градот Пешавар пред три дена. Владата вчера ги отфрли жалбите на 17 осудени терористи. Мораториумот за извршување на смртната казна во Пакистан беше воведен во 2008 година.

XS
SM
MD
LG