Достапни линкови

logo-print

Директорот на Газпром-Медиа поднесе оставка


Михаил Лесин.

Михаил Лесин.

Директорот на државниот руски медиумски гигант Газпром-Медиа, Михаил Лесин, поднесе оставка на функцијата. Лесин, кој е поранешен советник на претседателот Владимир Путин и креатор на телевизиската мрежа Раша Тудеј, вели дека се повлекува од семејни причини. Газпром-Медиа соопшти дека претседателот на Организациониот комитет на Олимпијадата во Сочи, Дмитри Чернишенко е предложен за нов директор. Оставката на Лесин доаѓа во време кога американските власти разгледуваат дали да отворат истрага против него поради перење пари во врска со купување недвижности во Калифорнија. Газпром-Медиа е најголема медиумска компанија во Русија.

XS
SM
MD
LG