Достапни линкови

Подгревање на национализам за политички поени


Во општество поделено по етнички линии, лесно се подгрева национализам, особено за време на избори, а политичарите наместо да работат на надминување на недовербата, тие ја продлабочуваат.

Ние сме дел од ова општество и секојдневно се соочуваме со сите проблеми. Тоа што работиме во други сфери во општеството не значи дека сме надвор од проблемите кои ги засегаат граѓаните и врз нив сме го направиле нашиот концепт, вели Африм Гаши еден од оснавачите на новото албанско движење на политичката сцена „Беса“ во неделното интервју за Радио Слободна Европа. Според него сите се свесни и сите статистики покажуваат дека најголем проблем е невработеноста, како и меѓуетничките односи кои се предизвикани од државата.

Во основа меѓуетничките односи се добри и стабилни, но државата интервенира тие да се продлабочат и да не бидат како што треба. Ние сакаме овој сегмент да го остраниме.

„Во основа меѓуетничките односи се добри и стабилни, но државата интервенира тие да се продлабочат и да не бидат како што треба. Ние сакаме овој сегмент да го остраниме“, вели Гаши.

Професорката Мирјана Малеска вели дека подгревањето на меѓуетничките односи особено се гледа за време на предизборниот период, односно тогаш најмногу се употребува националистичката реторика.

„Се подгреваат непријателски чувства на заедниците една кон друга, се користат емоциите за да се подигне патриотизмот кај едната, другата или третата заедница што е доволен доказ дека се злоупотребуваат чувствата на граѓаните за изборни цели, во суштина национализмот се користи за да се добијат политички поени и изборни гласови.“

Се злоупотребуваат чувствата на граѓаните за изборни цели, во суштина национализмот се користи за да се добијат политички поени и изборни гласови.“

Според неа, чудно е зошто тоа се уште успева кај граѓаните, а проблемот е во тоа што нашето општество е поделено по етнички линии. Малеска смета политичките партии и владата не работат во доволна мерка на најважниот проект во земјата-обединување на етничките заедници.

„Наместо да ја надминуваме недовербата едни во други, таа недоверба се подгрева, секој час избори, вонредни, редовни, се наоѓаат други поводи, се измислуваат теми или прашања кои не делат, а не да бидеме зафатени со прашања и теми кои не обединуваат и тоа не може да нема последици во оваа држава која е етнички сложена.“

Гаши вели дека проблем се и застојот во евроинтегративниот процес, сиромаштијата, образованието, културата кои се пречка за развој на државата.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG