Достапни линкови

Украина се откажува од неутралниот статус


Украинскиот претседател Петро Порошенко му поднесе на парламентот закон со кој на неговата земја и се овозможува приклучување кон НАТО. Овој потег треба да води кон укинување на украинскиот статус на неутрална земја кои го имаат државите, како Швајцарија, а кои одбиваат да им се приклучат на какви било воени сојузи. Украина и се приклучи на групата европски неутрални земји во 2010 година. „Неутралниот статус на Украина се покажа како целосно неефикасно средство за осигурување на безбедноста на земјата“, оценува претседателот Порошенко.

XS
SM
MD
LG