Достапни линкови

Обама веднаш не воведува нови санкции против Русија


Американскиот претседател Барак Обама го потпиша законот за нови санкции против Русија, но изјави дека засега нема да ги воведува. Законот за поддршка на слободата на Украина дозволува, но и стриктно не бара помош во оружје за Киев и санкции против рускиот одбранбен и енергетски сектор. Сегашните санкции, како и падот на цената на нафтата придонесоа за руските економски тешкотии и за паѓањето на вредноста на рубљата.

XS
SM
MD
LG