Достапни линкови

Путин е вљубен, но не кажува во кого


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е вљубен и дека љубовта е взаемна, но не кажа во кого, на денешната маратонска годишна прес-конференција во Москва. Тој ова го кажа во одговор на новинарско прашање.

Владимир Путин и неговата поранешна сопруга Људмила, со која рече дека одржува „добри и пријателски односи“, се разведоа по 30 години брак на почетокот на годинава, откако претходно живееја разделено. Во 2008 година еден московски весник објави дека Путин ќе се ожени со поранешната гимнастичарка Алина Кабајева, која тогаш беше пратеничка од неговата партија. Путин ги негираше информациите, луто го критикуваше упадот во неговиот приватен живот, а весникот кусо потоа беше затворен.

Додека траеше прес конференцијата во Меѓународниот трговски центар во Москва, полицијата приведе 19 активисти, кои беа дел од 40 активисти предводени од независниот новинар Евгениј Левкович кои се собраа за, како што велат, да му постават „незгодни прашања“ на Путин. Полицијата им нареди да се разотидат, при што уапси 19 од нив, но подоцна ги ослободи без да поднесе пријави против нив.

XS
SM
MD
LG